Вие имате прво да ја знаете вистината

Песков изјави: Лага е дека се мобилизирани повеќе од 300.000 луѓе

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека се лажни информациите дека Русија мобилизирала повеќе од 300.000 луѓе.

Претходно во бројни медиуми и на каналите на Телеграм се појавија информации дека се мобилизирани повеќе од милион луѓе.

– Сето тоа се лажни извештаи – рече Песков.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во средата потпиша указ за делумна мобилизација, а малку подоцна министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека за делумна мобилизација се потребни 300.000 луѓе.

Објаснувајќи ја одлуката за мобилизација, Путин нагласи дека ги брани руските територии и дека Западот сака да ја уништи Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!