Вие имате прво да ја знаете вистината

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО“ Членка на НАТО се плаши од можниот потег на Путин

Триесет години по отцепувањето од поранешниот Советски Сојуз и 17 години по пристапувањето во ЕУ, балтичките земји сè уште зависат од Русија за стабилноста на снабдувањето со електрична енергија.

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека можни се прекини на електрична енергија доколку Русија ги исклучи балтичките земји од заедничката електрична мрежа.

Би било мудро да се биде подготвен за евентуални исклучувања – рече Калас во телевизиско обраќање, како што е објавено на веб-страницата на владата.

Таа додаде дека ова се однесува на јавни институции, компании и поединци и дека овие нарушувања ќе бидат „привремени“, пренесува Ројтерс.

Калас истовремено најави воена вежба. Речиси 3.000 резервисти беа повикани вчера на годишната одбранбена вежба, но Калас нагласи дека нема непосредна воена закана за земјата.

Таа ги повика руските граѓани кои живеат во Естонија да ги игнорираат сите повици за војна во Украина.

Не оди, затоа што нема враќање – рече Калас.

Триесет години по отцепувањето од поранешниот Советски Сојуз и 17 години по пристапувањето во ЕУ, балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија сè уште зависат од Русија за стабилноста на снабдувањето со електрична енергија.

Проектот финансиран од ЕУ и вреден 1,6 милијарди евра треба да ги одвои балтичките земји од заедничката електрична мрежа со Русија и Белорусија во 2025 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!