Вие имате прво да ја знаете вистината

Претседателот на турскиот парламент Шентоп во приватна посета на Струмица

 Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица.

Веста ја објави градоначалникот Костадин Костадинов на својот фејсбук профил, кој со гостинот од Турција се сретнал при посетата на Орта Џамија во Струмица.

-Огромна чест за Струмица е приватната посета на претседателот на Турскиот Парламент господин Мустафа Шентоп. Го одржуваме пријателството помеѓу турскиот и македонскиот народ, напиша Костадинов.

Шентоп го посети Турското маало во Струмица, а присуствуваше и на петочниот намаз во џамијата во ова маало. рт/хс/

2022-09-23 12:37:37, од Ристо Тасев, Струмица

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!