Вие имате прво да ја знаете вистината

Проблем со апликацијата: Инстаграм не работи за многу корисници

Бројни корисници на Инстаграм ширум светот пријавуваат проблеми со користење на оваа апликација на нивните мобилни телефони.

Некои од корисниците известуваат дека апликацијата постојано им дава грешка, додека некои воопшто не можат да пристапат ни на Instagram.

Порталот “Даундетектор“ наведе дека околу 18 часот корисниците почнале да пријавуваат проблеми, а според истиот портал, корисниците пријавиле проблеми и со Facebook Messenger.

Причината за проблемот не е позната, а од компанијата Мета се уште не соопштуваат ништо.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!