Вие имате прво да ја знаете вистината

Раст на бројот навивачки инциденти во Англија и Велс

Бројот на пријавени инциденти на фудбалските натпревари во Англија и Велс пораснал за 60 отсто во однос на сезоната пред пандемијата на коронавирусот, објавија британските власти.

Податоците на Министерството за внатрешни работи во Лондон покажуваат дека инциденти се пријавени на 1.609 од 3.019 натпревари одиграни минатата година во Англија и Велс.

Апсењата поврзани со фудбалот пораснале за 59 отсто, на 2.198, што е најмногу во последните осум години.

На 729 натпревари било пријавено користење пиротехнички средства од навивачите, а на 561 натпревари на теренот биле фрлани предмети од трибините.

Минатата сезона најмногу апсења имало меѓу навивачи на Вест Хем (95), по кои следат навивачите на Манчестер сити (76), Манчестер јунајтед (72), Лестер (59) и Евертон (58). 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!