Вие имате прво да ја знаете вистината

Украина: Ќе бидат кривично гонети оние што се инволвирани во лажните референдуми

– Соопштено е дека безбедносните и разузнавачките единици на Украина имаат целосни информации за организаторите, извршителите и поддржувачите на таканаречените референдуми.

 ‒ Министерството за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина соопшти дека сите оние што се вклучени во референдумите во таканаречените народни републики Доњецк и Луганск, регионите Запорожје и Херсон кои се под контрола на проруските сепаратисти на истокот на земјата, ќе бидат кривично гонети и ќе им биде судено.

Во соопштението на Министерството се нагласува дека безбедносните и разузнавачките единици на Украина имаат целосни информации за организаторите, извршителите и поддржувачите на таканаречените референдуми.

Се наведува дека ќе бидат воведени санкции за инволвираните во лажните референдуми, и дека против нив ќе биде подигнати кривични постапки, ќе им се суспендираат социјалните бенефиции, а ќе им се одземе движен и недвижен имот.

Исто така, се нагласува дека инволвираните во референдумите се окарактеризирани како предавници и дека овие лица може да бидат осудени на затворска казна до 15 години.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека ќе ги поддржи резултатите од референдумите. Тие ќе продолжат до 27 септември.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, реагирајќи на одлуката за одржување на референдумите, рече: „Лажните референдуми нема да сменат ништо.“

Се очекува Русија да ги анектира споменатите региони како резултат на референдумите.

Руските власти предупредуваат дека можат да користат и стратешко нуклеарно оружје за одбрана на регионите кои ќе бидат сметани за руска територија по референдумите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!