Вие имате прво да ја знаете вистината

Четворица загинати во бомбашки напад пред џамија по петочната молитва во Кабул

 ‒ Четири лица, според првичните информации, ги загубија животите во бомбашкиот напад по петочната молитва пред Џамијата „Везир Акбар Кан“ во Кабул, главниот град на Авганистан.

Калид Задран, портпаролот на полицијата на талибанската власт во Кабул, соопшти дека е извршен бомбашки напад пред Џамијата „Везир Акбар Кан“ по времето за петочната молитва.

Задран информира дека во нападот има жртви.

Од друга страна, во соопштението на болницата „Имрџенси“ во Кабул, евидентирано е дека во болницата се донесени 4 загинати лица и 10 лица повредени во нападот.

Улиците околу џамијата се затворени за сообраќај.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Пред два дена 3 лица загинаа во бомбашки напад во близина на ресторан во областа Дехмезенг во Кабул.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!