Вие имате прво да ја знаете вистината

Што е делумната мобилизација што ја најави Путин?

Со својата најава за делумна мобилизација, претседателот Владимир Путин одлучи да го ескалира конфликтот.

Дефиницијата за делумна мобилизација подразбира ангажирање на дел од одбранбениот потенцијал на земјата. Според начинот на спроведување, како и општата мобилизација, таа може да биде јавна (преку средствата за јавна комуникација, во случај на директна закана од војна) и тајна (со објавување посебни наредби или однапред пропишана сигнализација, за време на предвоена ситуација за постепено ангажирање на резервните единици).

Во овој случај, делумната мобилизација речиси сигурно значи вклучување во конфликтот во Украина на сите оние со претходно воено искуство.

Во Русија воениот рок е официјално задолжителен и трае 12 месеци. Тоа е задолжително за сите машки жители на возраст меѓу 18 и 27 години.

Најавата на рускиот претседател за делумна мобилизација уследи по потегот на Долниот дом на Државната Дума во вторникот за измена на законот за воена служба.

Амандманите ги заоструваат казните за прекршување на воената служба – како што се дезертерството и затајувањето.

Затвор до 15 години е предвиден за отпор поврзан со воена служба или принуда против официјална воена наредба, вклучително насилство или закана со насилство, во период на мобилизација или воена состојба:

Војниците кои доброволно се предале на непријателската војска може да бидат осудени на 10 години затвор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!