Вие имате прво да ја знаете вистината

Google го откри изгледот на својот Pixel Watch (видео)

Google го менува начинот на кој ги претставува своите уреди, а по тизерот за мобилните телефони Pixel 7 и Pixel 7 Pro објавени во мај, сега пристигна и тизерот за Pixel Watch.

Паметниот часовник Google ќе пристигне на 6 октомври, а објавениот официјален тизер го открива неговиот изглед од сите агли и во сите бои во кои ќе биде достапен.

По овој клип, единствената мистерија е големината на кружниот раб. Дизајнот е доста уникатен и привлечен, но огромната граница (рамка) би можела значително да го расипе.

Што се однесува до нараквицата, таа изгледа модерно, но е “инспирирана“ од дизајнот на Apple.

Се шпекулира дека Pixel Watch чини помеѓу 250 и 350 евра со поврзување Wi-Fi и Bluetooth или околу 400 долари со LTE функционалност.

Презентацијата на паметниот часовник е закажана за 6 октомври

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!