Вие имате прво да ја знаете вистината

Банка за храна Кавадарци за четири години донирала 30 тони храна и голем дел хигиенски средства

– Банка за храна Кавадарци за четири години донирала 30 тони храна, голем дел хигиенски средства и друго, информираа денеска од кавадаречката банка за храна, подружница на националната Банка за храна.

-Со помош на локалната самоуправа, благодарение на која добивме магацин и комбе, како и со поддршка на општествено одговорни компании, успеваме да обезбедиме храна за социјално загрозени семејства. Помагаме на семејства во урбаните, но и во руралните средини, информираа од Банката за храна, администрирана од регионалното еколошко друштво ,,Еко-живот”.

Двете граѓански организации со свои волонтери денеска во Скопје ги презентираат своите проекти и активности на одбележувањето на Денот на граѓански организации и социјални претпријатија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!