Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Лаос запленети 33 милиони таблети метамфетамин

Полицијата во Лаос заплени 33 милиони таблети метамфетамин и 500 килограми кристал метамфетамин, изјави денеска официјален претставник на Агенцијата на ОН за борба против дрога и криминал.

Тоа е трета најголема заплена на метамфетамин досега во Лаос.

Според претставник на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал, Џереми Даглас вчера во северозападната провинција Бокео биле запленети 200.000 таблети метамфетамин. Дрогата била откриена во камион, што бил запрен на контролен пункт. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!