Вие имате прво да ја знаете вистината

Надал го насмеа Федерер: И јас можев да се повлечам, па да играме двојки (видео)

Легендарниот Роџер Федерер вчера го одигра последниот меч во професионалниот тенис. Заедно со Рафаел Надал играше против Џек Сок и Френсис Тиафо, но по поразот се повлече.

Во Лондон имаше многу солзи, емоции и аплаузи. Федерер заплака на неговото збогување, а не можеа да се воздржат ниту неговите ривали Надал и Новак Ѓоковиќ. 

По мечот медиумите го прашаа Федерер дали има шанси тој и Надал во иднина да играат двојки, а двајцата пукнаа од смеење. 

– Вие сте толку добар пар за двојки. Нема ли шанси во иднина професионално да настапувате во двојки? – ги праша новинарот Надал и Федерер.

– И јас би можел да се повлечам и потоа да играме дубл една година – одговори Надал, што го насмеа Федерер.

Швајцарецот изјави дека би биле одличен пар во двојки .

– И тогаш да не освоиме ништо. Не сакам да ризикувам – изјави Федерер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!