Вие имате прво да ја знаете вистината

НАДАЛ ПРОГОВОРИ СРПСКИ ПОРАДИ ЃОКОВИЌ: Погледнете каква порака испрати Шпанецот до Новак (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по два и пол месеци се врати на теренот и на најдобар можен начин и се претстави на јавноста на Лејвер купот.

Српскиот ас по 76 дена и финалето на Вимблдон отиде на официјален меч, за да го совлада Американецот Френсис Тиафо во Лондон со 6:1, 6:3 и со тоа да му донесе бодови на Тим Европа против Тим Свет.

Тоа го направи на толку маестрален начин што мораше да се огласи и Рафаел Надал .

Шпанецот внимателно го следеше натпреварот преку малите екрани и беше толку воодушевен што проговори српски! Надал на својот Твитер профил напиша порака на српски јазик упатена до Ѓоковиќ.

Да одиме! Вамосссссс! – напиша Шпанецот и ги воодушеви српските навивачи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!