Вие имате прво да ја знаете вистината

Надал се повлече од Лејвер купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од натамошниот настап на Лејвер купот од лични причини, откако вчера настапи во двојки со својот пријател и ривал Роџер Федерер во последниот натпревар на Швајцарецот во кариерата.

Надал во Тимот на Европа ќе го замени Камерон Нори.

Федерер и Надал вчера во дуелот во двојки загубија од американскиот тандем Џек Сок и Франсис Тијафо со 6-4, 6-7, 9-11.

За Федерер тоа беше последен дуел во кариерата, а неговото место во Тимот на Европа го зазеде Матео Беретини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!