Вие имате прво да ја знаете вистината

Објавена првата зимска прогноза за Европа: Слично време како лани, без многу снег, еве што друго не очекува (фото)

Метеоролошката служба Severe Weather Europe ја даде првата временска прогноза во Европа во текот на зимата. Се предвидува дека голем дел од континентот ќе има помалку снег од вообичаено, а не чекаат слични временски услови како минатата година.

Тие предвидуваат прилично слаба прогноза за врнежи од снег, а поголемиот дел од континентот се очекува да има помалку снег од вообичаено.

И покрај ваквите прогнози, тоа не значи дека нема да има снег. Снежна покривка ќе биде забележана во поголемиот дел од континентот во февруари 2023 година.

Што се однесува до прогнозата за врнежи, можеме да видиме дека Европа има претежно просечен сигнал за врнежи, со некои посуви области на северо-исток. Повеќе врнежи се предвидуваат над Медитеранот.

Во Европа просечни температури на воздухот се очекуваат на запад со влијание на блиско подрачје со низок притисок. Потопли аномалии, односно малку повисоки температури од просекот, се предвидуваат во делови од Централна Европа, кои ќе се искачуваат кон североисток.

„Гледајќи ја прогнозата за веројатноста за температурата на површината во Европа, гледаме интересна шема. Поголемиот дел од континентот е во просечниот температурен опсег, со мала веројатност за повисоки од просечните температури во централните делови“, соопшти SWE.

Гледајќи наназад во минатата година, тие предвидуваат дека прогнозата од ова септемвриско ажурирање покажа слична шема.

„Овие прогнози даваат просечна слика за три метеоролошки зимски месеци (декември-јануари-февруари) и ги покажуваат општите временски услови кои преовладуваат. Дури и ако моделите се 100 проценти точни, тоа не значи дека овие временски услови би траеле и би биле исти секој ден во тие три месеци. Тоа само сугерира како најчесто изгледаат временските обрасци“, забележува SWE.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!