Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете како Дритан Абазовиќ вози велосипед низ Њујорк, целиот во костум и вратоврска, а обезбедувањето брза по него! (ВИДЕО)

Политичар вози велосипед низ улиците на Њујорк, во костум и очила за сонце, додека вратоврската му виори од ветрот. Не, тоа не е сцена од американските „лимонади“ филмови, туку онаа што вчера ја режираше црногорскиот премиер во оставка и лидер на движењето „УРА“ Дритан Абазовиќ.

Генералната дебата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се одржува денеска, поради што Њујорк повторно стана собиралиште на лидерите на земјите ширум светот. Еден од нив е Абазовиќ, кој одлучил да вози до зградата на ОН на две тркала наместо на четири.

Тој беше снимен како вози велосипед во Њујорк, додека внимателно го следеа обезбедувањето, членовите на неговиот тим и полициско возило.

Видеото на кое тој „крстари“ по улиците на Њујорк ги зафати се разбира и социјалните мрежи. Во коментарите луѓето се прашуваа „така ли оди на работа во Црна Гора?“, „ја бараат ли Кери Бредшо?“, но исто така забележаа дека „Дритан ужива до последен момент“, па дури и се поистоветуваше со него: „Јас кога ќе одам првиот ден на работа во БеГе“.

„Во потрага по Кери Бредшо?“

Додуша, некои помалку се занимаваа со Дритан, а повеќе ги критикуваа тамошните комунални служби, жалејќи се „овој асфалт е закрпен како да се во Забјело“.

Абазовиќ беше разрешен на 20 август, кога пратениците во Собранието на Црна Гора, по целодневна дискусија, изгласаа недоверба на владата што ја предводи. За смена на Владата гласаа 50 од вкупно 81 пратеник.

Иницијативата за смена на лидерот ја поднесоа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Либералната партија, Социјалдемократите, Социјалдемократската партија (СДП) и Демократскиот сојуз на Албанците, по потпишувањето на Основниот договор со СПЦ .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!