Вие имате прво да ја знаете вистината

Светот изедначи – очите се вперени во Ѓоковиќ (Видео)

Светскиот тим го израмни Лејвер купот против Тим Европа (4:4) пред натпреварите на Новак Ѓоковиќ.

Американецот Тејлор Фриц го совлада Британецот Камерон Нори со 2-1 во сетови, по час и половина игра – 6:1, 4:6, 10:8.

Фриц го “прегази“ својот ривал во првиот сет, но вториот доживеа многу поголема борба со дури три брејка.

Американецот киксираше на крајот од сетот, но многу подобро го отвори супер тајбрејкот.

Поведе со 8:4, му дозволи на ривалот да се врати на 8:8, но потоа ги освои следните два бода.

Сега следуваат натпреварите на Новак Ѓоковиќ – прво сингл против Тиафо од 20 часот, па двојки со Беретини против Де Миноро и Соко.

За потсетување, победите во Лејвер купот вредат еден бод во петок, два бода во сабота и три бода во недела. Кој прв ќе стигне до 13 победува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!