Вие имате прво да ја знаете вистината

УЕФА го казни Партизан

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Партизан поради фрлање предмети од трибините на теренот, употреба на пиротехнички средства и блокирани премини.

Казната се однесува на случувањата во натпреварот од второто коло од групата Д на Конференциската лига против Ница (1:1) во Хумска.

Црно-белите ќе треба да платат казна од 70.000 евра и да затворат 6.000 места по свој избор за следниот натпревар од Конференциската лига на 6 октомври од 21 часот против Келн.

Европската куќа на фудбалот го казни и Келн со 100.000 евра за дивеењето на навивачите во Франција против Ница , а германскиот клуб нема да може да смета на поддршката од своите симпатизери за следните две гостувања против Партизан во Белград и Словачка во Ухерски Храдиште во Чешка.

По две кола од Конференциската лига, Партизан има два бода и е изедначен на второто место.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!