Вие имате прво да ја знаете вистината

На кого Русија ќе му продава нафта кога ќе се стапи на сила целосното ембарго на ЕУ?

По воведувањето на европските санкции, Русија значително ги зголеми испораките на нафта во Азија, но сепак треба да пренасочи повеќе од една четвртина од извозот на сурова нафта од Европа, или околу 1,3 милиони барели дневно, кога ќе започне целосното ембарго на ЕУ во декември.

Во август вкупниот руски извоз преку европските пристаништа и нафтоводот Дружба изнесуваше 12,05 милиони тони, од кои околу 5,5 милиони тони беа испорачани во земјите кои ќе престанат да увезуваат руска нафта од 5 декември.

Русија мора да најде нови купувачи за таа сурова нафта, кои може да бараат ниски цени и посебни услови, а истовремено да се соочи и со логистичкиот проблем со поскапата испорака.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија, исто така, работат на ограничување на цените на руската нафта, тврдејќи дека тоа ќе помогне да се намалат приходите на Москва, додека глобалните цени на енергијата ќе бидат ниски.

Москва соопшти дека нема да продава нафта на земјите кои воведуваат рестрикции, а трговците велат дека не гледаат како ќе функционира мерката.

Русија ја снабдува Европа со околу 3,2 милиони тони нафта месечно преку нафтоводот Дружба. Рутата е технички исклучена од ембаргото бидејќи Унгарија, Словачка и Чешка сакаат да продолжат да купуваат од неа.

Но, најголемите купувачи од тој гасовод, Германија и Полска, сакаат да ги прекинат набавките од 2023 година, што значи дека околу два милиони тони месечно ќе треба да најдат нови купувачи.

Дури и ако Москва понуди поповолни услови, Индија и Кина веројатно нема да можат да купат повеќе нафта, бидејќи имаат неколку долгорочни договори со ривалските производители, како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

За да не се потпира исклучиво на Кина, Индија и Турција, Русија се обиде да им се додворува на помалите „играчи“. Шри Ланка ќе почне да купува нафта од Русија, но досега годинава купила само околу 300.000 тони Урал, исто така Куба годинава купила 200.000 тони. Овие купувачи дефинитивно не се доволни, а веројатно конечното решение ќе биде значително намалување на производството на нафта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!