Вие имате прво да ја знаете вистината

КАКОВ НОЖ ВО ГРБОТ НА ПУТИН – “Изгледа дека му е доста од војната, сака да преговара, но јасно му реков – треба да им вратиш се”!

Лидерите, штом ќе тргнат по одреден пат, ќе им биде многу тешко да се вратат на старите патишта. Многу им е тешко да се вратат назад, изјави турскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа го одржа еден од најважните говори од почетокот на руската инвазија на Украина. Ердоган, кој не ја поддржа руската агресија, но не ги прекина целосно односите со Москва, во интервју за американската ТВ станица PBS рече дека Русија треба да и ја врати на Украина целата окупирана територија, вклучително и Крим.

  • Ако треба да се воспостави мир во Украина, враќањето на окупираната територија ќе стане важна тема. Тоа е она што се очекува и што се бара. Путин презеде одредени чекори. Презедовме и ние одредени чекори. Окупираните територии ќе и бидат вратени на Украина, изјави турскиот претседател.

Тој вели дека за Крим разговара со својот “пријател Путин” од 2014 година.

  • Побаравме да им го врати Крим на вистинските сопственици… За жал, не беше направен чекор во оваа насока, стои во транскриптот од интервјуто на Ердоган.

Тој одби да открие кој според него има предност во војната во моментов.

  • Не сум подготвен да одговорам на тоа прашање. Се што сакаме е мирно да ја завршиме оваа битка. Без разлика дали е Путин или Зеленски, тоа секогаш сум го барал и сугерирал. Ова е конфликт во кој имаме многу жртви. Луѓето умираат, а на крајот на денот никој нема да победи, истакна турскиот лидер.

Тој разговараше и за војната во Украина со Путин на минатонеделниот состанок во Узбекистан.

  • Имавме опширни разговори со него. И тој всушност ми покажува дека е подготвен да стави крај на ова што е можно поскоро. Тоа е мојот впечаток, откри Ердоган.

Во текот на разговорот тој рече дека “ниту една инвазија не може да се оправда”, а на прашањето дали Путин направил грешка со започнувањето на инвазијата, тој понудил дипломатски одговор.

  • Ниту еден лидер нема да каже потоа дека тоа било грешка. Никој нема да каже – да, згрешив. Истото може да се примени и за Украина. Дали мислите дека Зеленски кога ја започна контраофанзивата имаше чувство дека погрешил? Лидерите, штом ќе тргнат по одреден пат, ќе им биде многу тешко да се вратат на старите патишта. Многу им е тешко да се вратат назад, изјави турскиот претседател.

Неизбежна тема на разговорот со Ердоган беше противењето на неговата земја за проширување на НАТО во Финска и Шведска. Турскиот претседател ги потврди ставовите искажани претходно.

  • Шведска беше колепка на тероризмот. А терористите се инфилтрираа се до нивните парламенти. Гледаме и дека терористите постојано демонстрираат во Стокхолм. Транспаренти, пароли, плакати на водачите на терористичките организации ги има во изобилство. И тие напаѓаат невини турски потомци во Стокхолм. И на шведските соговорници им ги доставивме сите релевантни докази поврзани со овие настани, рече Ердоган.

Што се однесува до Финска, Ердоган вели дека “тие се малку посмирени и имаат поголема контрола врз развојот на настаните”.

  • Но, Шведска не е таква. Тие секогаш користат некои изговори. Постојано зборуваат за уставот и вредноста на слободата на изразување. И велам дека тероризмот нема никаква врска со слободата на изразување, рече турскиот претседател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!