Вие имате прво да ја знаете вистината

Карлеуша: Јас како белграѓанка и како највлијателна нема да дозволам ЛГБТ членовите да се чувствуваат помалку вредни

Еуропрајд, кој требаше да се одржи во септември во Белград, беше откажан, а сега ЈК ја објави приликата на Инстаграм.

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша е позната по тоа што со години јавно ја поддржува ЛГБТ популацијата.

Еуропрајд, кој требаше да се одржи во септември во Белград, беше откажан, а сега ЈК ја објави приликата на Инстаграм.

-Коментарите ги исклучив поради ужасно болните навреди во коментарите на оние кои се борат за „нормалност“. Претпоставувам дека мислат дека е нормално да мразат, навредуваат и напаѓаат. Па нека си го извадат гневот на мајка им која така ги воспитала!

Со големо жалење прифатив дека Прајд во Белград е откажан. Она што е уште пострашно за мене е што во овој момент се случуваат некакви немири каде наместо љубов, толеранција, еднаквост и слобода за сите, се слушаат зборови на омраза под превезот на „нормалност“! Омразата не е нормална, омразата е болест. Белград е град кој ги сака и поддржува сите луѓе, без разлика на нивната боја на кожа, верска или сексуална определба! Јас, како белграѓанка и како највлијателна и навидум најхрабра јавна личност, никогаш нема да дозволам нашите сограѓани припадници на ЛГБТ заедницата да се чувствуваат помалку вредни, еднакви или слободни! Омразата не е решение и нема да ја толерирам – напиша Јелена под фотографијата со знамето на виножитото.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!