Вие имате прво да ја знаете вистината

Клои Кардашијан фатена во интимната прегратка на најсексапилниот маж во Европа (фото/видео)

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан е снимена во интимна врска со италијанскиот актер Микеле Мороне, кој многумина го сметаат за најсекси маж во Европа.

Тие двајца беа неразделни во Милано, за време и по ревијата на Долче и Габана, каде дизајнерите и Ким Кардашијан заедно ја претставија својата нова колекција.

На настанот, Клои и Микел, кој на јавноста и е најпознат по улогата на Масимо во полскиот еротски трилер “365 Days“, беа снимени како се гушкаат и интимно разговараат на забавата по модната ревија.

Актерот на својот Инстаграм профил објави и фотографија со Клои, а нејзините обожаватели се надеваат дека Кардашијан конечно ќе ја најде среќата во љубовта.

За потсетување, Клои неодамна стана мајка на момче кое го имаше со поранешниот партнер Тристан Томпсон, кој ја изневеруваше на секој чекор.

Тие конечно раскинаа во 2021 година кога Тристан беше снимен како влегува во хотелска соба со три девојки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!