Вие имате прво да ја знаете вистината

НОВ ОСТРОВ СЕ ПОЈАВИ ПО ПОДВОДНА ЕРУПЦИЈА НА ОКЕАН ВО ПАЦИФИК!  Научниците предупредуваат: Не се врзувајте премногу за него!

Мал остров се појави во областа на островот Тонга во Тихиот Океан по ерупцијата на подводен вулкан.

Островот “бебе“ се појави во југозападниот дел на Тихиот Океан каде има многу подводни вулкани. Еден од тие вулкани се разбудил на 10 септември, исфрлајќи лава, пареа и пепел, соопшти Земјината опсерваторија на НАСА.

Само единаесет часа по ерупцијата на вулканот , над површината на водата се појави ново островче.

Островот рапидно растел и неколку дена подоцна, на 14 септември, научниците од геолошкиот институт на Тонга процениле дека е на 4.000 квадратни метри.

До 20 септември, островот “порасна“ на површина од околу 24.000 квадратни метри или околу 6 хектари.

Новиот остров се наоѓа на морската планина Home Reef во централниот дел на Тонга, југозападно од островот Лата.

“Не сакате премногу да се врзувате за мал остров бидејќи островите создадени од подводни вулкани честопати се краткотрајни“, предупреди НАСА.

Меѓутоа, понекогаш овие острови може да траат со години, па дури и децении.

Вулканот Home Reef продолжува да исфрла лава, а вулканската активност претставува мал ризик за воздушниот сообраќај и жителите на Vava’u и Ha’apai.

“Не е забележана видлива пепел во последните 24 часа“, објави геолошката агенција на Тонга. “На сите морнари им се препорачува да пловат на најмалку 4 километри од гребенот Хом до понатамошно известување“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!