Вие имате прво да ја знаете вистината

Околу 17 илјади Руси викендов ја минале границата со Финска

 Речиси 17 илјaди руски граѓани овој викенд ја преминале границата со Финска, што е за 80 проценти повеќе отколку претходниот, соопштија денеска финските власти.

Финската погранична служба соопшти дека граничниот сообраќај изутринава е намален, но оти сообраќајот и натаму е поинтензивен споредбено со претходните недели.

„Редовите се уште се малку подолги отколку што беа од пандемијата“, велат од службата.

Наредбата за делумна мобилизација во Русија резултираше со протести низ земјата, апсења демонстранти и заминување руски граѓани во странство.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто во петокот изјави дека земјата ќе го забрани влезот руски туристи.

Тој појасни дека забраната за влез важи за сите што ја преминуваат границата како туристи, без разлика дали патуваат со шенген-визи издадени од Финска или друга земја.

Според високопоставен фински дипломат, забраната нема да важи за Русите кои влегуваат во земјата да работат, студираат или да ги посетат роднините.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!