Вие имате прво да ја знаете вистината

Пакистан: Шест лица загинаа во пад на воен хеликоптер

Во соопштението се вели дека хеликоптерот се урнал во неделата вечерта за време на тренинг мисија во близина на Хост во областа Харнаи.

Најмалку шест пакистански воени офицери, вклучително и двајца мајори, загинаа во хеликоптерска несреќа во провинцијата Белучистан, југозападно од Пакистан, соопшти во понеделникот армијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се вели дека хеликоптерот се урнал во неделата вечерта за време на тренинг мисија во близина на Хост во областа Харнаи.

„Сите шест членови на екипажот, вклучително и двајца пилоти, ги положија своите животи како маченици“, се вели во соопштението.

Ова е втора ваква несреќа во провинцијата Балучистан во последните два месеци.

Минатиот месец, шест високи армиски офицери, вклучувајќи го и командантот на корпусот Квета, генерал-полковник Сарфраз Ахмад, загинаа кога нивниот хеликоптер се урнал за време на операција за помош во поплавените области.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!