Вие имате прво да ја знаете вистината

Полска потпиша 10-годишен договор за природен гас со Норвешка

Како што соопштија од ПГНИГ, природниот гас според договорот ќе се испорачува преку гасоводот „Балтик Пијп“ кој ќе биде отворен на 1 октомври.

Полската енергетска компанија PGNiG и норвешката компанија Equinor потпишаа 10-годишен договор за продажба на природен гас до 2,4 милијарди кубни метри годишно, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што соопштија од ПГНИГ, природниот гас според договорот ќе се испорачува преку гасоводот „Балтик Пијп“ кој ќе биде отворен на 1 октомври.

Договорот ќе важи од 1 јануари 2023 година до 1 јануари 2033 година. Норвешкиот природен гас прво ќе се транспортира во Данска, а потоа во Полска преку гасоводот „Балтик Пијп“.

Капацитетот за складирање на природен гас во Полска во моментов е околу 98 проценти.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!