Вие имате прво да ја знаете вистината

Пригожин призна дека ја основал групата Вагнер

 Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, близок до Кремљ, денеска призна дека во 2014 година ја основал паравоената група Вагнер за да се бори во Украина.

Тој, исто така, го призна присуството на нејзини припадници во Африка и Латинска Америка.

Во објава на социјалните мрежи на неговата компанија Конкорд, Пригожин рече дека ја основал групата за да испрати компетентни борци во Донбас во 2014 година. „Во тој момент, на 1 мај 2014 година, се роди групата патриоти, која го доби името БТГ (баталјонско-тактичка група) „Вагнер“, откри Пригожин во изјава за медиумите.

– А сега едно признание. Овие момчиња, херои, го заштитија сирискиот народ, другите луѓе од арапските земји, сиромашните Африканци и Латиноамериканците, тие станаа столб на нашата татковина, потврди тој.

Оваа паравоена група со години беше осомничена дека тајно ја вршела „валканата работа“ на Кремљ во различни арени на воени дејствија, нешто што Москва секогаш го негирала, пренесе БТА. Пригожин беше обвинет од многу западни сили и руски медиуми за финансирање на Вагнер, чии борци биле забележани во Сирија, Либија, Украина и Централноафриканската Република.

Пригожин бил еден од доставувачите на храна за Кремљ, поради што го доби прекарот „Готвачот на Путин“.

Кремљ секогаш негираше дека има врски со паравоени групи

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!