Вие имате прво да ја знаете вистината

Шведска затвора цркви и сауни за да заштеди енергија

Околу 150 од 540 цркви ќе бидат целосно или делумно затворени оваа зима како дел од напорите на Шведска да ја намали потрошувачката на енергија.

Шведска ги затвора црквите и сауните во многу градови во обид да ја намали потрошувачката и трошоците за електрична енергија оваа зима, јавува Anadolu Agency (AA).

Андреас Мансон, инженер кој ги надгледува енергетските потреби на црквата во епархијата Лунд, рече дека 150 од 540 цркви во областа ќе бидат целосно или делумно затворени оваа зима како дел од напорите на Шведска да ја намали потрошувачката на енергија.

„Нема сомнеж дека греењето е најголемиот трошок, многу згради имаат прилично лоша изолација“, изјави Мансон за локалниот весник „Дагенс нихетер“.

Како што рече, Лунд вложил напори и средства за да ги направи зградите поефикасни, но тоа се згради кои трошат голема количина електрична енергија.

Оние цркви кои ќе успеат да останат отворени ќе го намалат греењето за да заштедат енергија и ќе бидат отворени во текот на целата зимска сезона, јавуваат локалните медиуми.

Во рамки на мерките за штедење ќе бидат затворени сауните и загреаните базени, а дел ќе работат и со намалена температура.

Во Малме, на пример, Градскиот совет планира целосно да ги затвори базените или да ја намали температурата во нив.

Шведската влада, исто така, побара од државните власти во 200 шведски општини да ја намалат потрошувачката на електрична енергија пред зимските месеци.

Шведскиот министер за енергетика Кашајар Фарманбар претходно ја истакна важноста „целото општество да придонесе за намалување на потрошувачката на енергија“.

Европските земји преземаат различни мерки за ограничување на употребата на енергија во услови на раст на цените на електричната енергија и природниот гас.

Зголемувањето на цените делумно беше предизвикано од заканата на Русија дека целосно ќе го прекине снабдувањето со гас за Европа како одговор на западните санкции поради тековната војна во Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!