Вие имате прво да ја знаете вистината

Шокантна приказна за НБА ѕвездата – САКАВ ДА СЕ УБИЈАМ! За малку ќе му ЈА АМПУТИРАЛЕ ногата, а потоа мајка му починала: Жив сум поради 6 зборови!

Џон Вол откри со што се мачи во последно време…

Џон Вол сите фанови на НБА го паметат како фантастичен плејмејкер со кој Вашингтон направи големи успеси. Беше драфтуван како прв пик на драфтот во 2010 година и во дресот на Визардс го покажа сиот свој потенцијал, пет пати беше учесник и на Ол-стар мечевите. Сè одеше како што замислил. Сепак, сè се смени пред пет години.

Во јули 2017 година потпиша четиригодишен договор вреден 170 милиони долари, за во декември истата година доживеал сериозни повреди. Беше трејдуван во Хјустон, таму не се снајде, сега е во Клиперс. Многумина го заборавија, а во таа прилика напиша потресна исповед за „Players Tribune“ под наслов „Јас сум уште тука“. Тој откри низ што поминал, како паднал во депресија и како сакал да се самоубие…

„Се се случи толку брзо во период од само три години. Бев на врвот на светот и тогаш за малку ќе изгубев се. Во 2017 година скокнав на масата на која беа новинарите во Вашингтон бидејќи успеавме да го добиеме седмиот меч со Бостон. Јас бев кралот на градот. Добив максимален договор,бев убеден дека ќе играм таму до крајот на мојот живот. Една година подоцна ја скинав Ахиловата тетива и изгубив се што имав – кошарката. Имав сериозна инфекција по операција, за малку ќе мораа да ми ја ампутираат ногата. Една година после тоа го изгубив мојот најдобар пријател, мајка ми, таа почина од рак на дојката“, пишува Вол.

Тој продолжува да опишува како изгледало се во тие моменти кога мислел само на својата мајка. „Бев во Шарлот, работев на опоравување, стигнавме до хотелот и потоа добив повик велејќи: „Твојата мајка почина, но лекарите успеаја да ја вратат во живот и да ја стават на вентилатор, треба да дојдеш што поскоро.“ Потоа полудев, искршив се во хотелот, ТВ, огледала, се. Во тие моменти навистина се зближив со Бред, тој дојде во мојата соба и беше таму во најтешкиот момент од мојот живот. Ме однесоа во нејзината болница таа вечер, кога влегов во собата и ја видов на вентилаторот, градите и се креваат и паѓаат, се онесвестив“.

Приказната многумина насолзи. „Кога се разбудив, целото семејство беше околу нејзиниот кревет, таа беше во кома, очите и беа затворени. Беше многу доцна, луѓето почнаа да заминуваат, јас и сестра ми останавме. И одеднаш – и се отворија очите. Не зборуваше, само плачеше, солзи и течеа по лицето. И рековме „Ти благодарам, ти благодарам што си наша мајка“. Потоа некој ја отвори вратата од собата, таа ги затвори очите и никогаш повеќе не ги отвори. Три ноќи бев покрај нејзиниот кревет и ја држев за рака. Четвртата ноќ таа почина“.

Не можеше да се врати во нормала. Направи сè, бараше начини, но не успеа. Постојано размислувал за неа, па паднал во депресија. Му дојдоа црни мисли, сакаше да си го одземе животот. Да не беше еден човек од неговата околина, којзнае како ќе завршеше се.

„Она што најмногу ме погоди после тоа беа моментите кога ќе кревав телефон да и се јавам и тогаш ќе сфатев дека никој нема да ми одговори. Разговаравме шест или седум пати на ден, речиси секој ден. Кога таа почина, Се јавував на тој број шест или седум пати на ден, само за да ја слушнам говорната пошта, зборував со неа иако знаев дека веќе ја нема. Потоа отидов на многу темно место. Мислите ми беа црни. Размислував која е поентата на животот, ја нема, нема кошарка. Да имаш пари и слава не значи ништо ако немаш мир во животот. Заедно со сето тоа се шпекулираше за трејд, франшизата што ја дадов 10 години од мојот живот да ме разменуваат. Не долго после тоа, западнав во депресија, почнав да размислувам „Можеби е подобро ако ме нема“.

И тогаш еден сон промени сè. Целиот негов начин на размислување. „Една ноќ мајка ми дојде кај мене во сон и јас тоа го сфатив како знак од Бога. Конечно, се свртев кон блиска личност и слушнав шест зборови кои ми го променија животот. „Здраво! Навистина ти треба помош“. Отидов на терапевт и полека работите почнаа да се одвиваат нормално. Сфатив дека е потребна голема сила за да побараш помош од некого. Затоа слушајте ме сите,ако можам да ја голтнам гордоста и да признаам дека не ми е добро тогаш не дозволувај другите да ви ги полнат главите со глупости. Дури и сега разговарам со терапевт, се чувствувам подобро, дишам чист воздух, имам мир и секое утро се будам благодарен што можам да играм кошарка и да бидам добар татко на моите синови“, заклучи Вол.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!