Вие имате прво да ја знаете вистината

„ЈА ПЕЕВ РУСКАТА ХИМНА СЕКОЈ ДЕН!“ – Исповед на Британец заробен во Украина: „Ми рече дека ќе ја имам НАЈУБАВАТА СМРТ“

Се огласи Британец кој бил во руско заробеништво.

Ајден Аслин, Британец заробен од силите поддржани од Русија во Украина, вели дека бил принуден да ја пее руската национална химна секое утро. Тој сепак беше ослободен во средата вечерта, откако Саудиска Арабија посредуваше за размена меѓу Русија и Украина. По ослободувањето, тој изјави дека чуварите и војниците во затворот „го третирале полошо од куче“ и дека пет месеци бил држен во самица. Во исповед за The Sun во неделата, тој рече дека бил избоден и претепан поради неговите тетоважи, а потоа бил прашан дали сака „брза или убава смрт.“ Тој рече дека затворениците морале да ја пеат руската химна секое утро: „И да не ја пееш, ќе добиеш казна поради тоа. Ќе добиеш ќотек“, рече тој.

Меѓу ослободените има уште пет британски државјани, вклучувајќи ги Џон Хардинг, Дилан Хили, Ендрју Хил и Шон Пинер. Аслин, по потекло од Њуарк, беше заробен во април додека се бореше во југоисточниот град Мариупол. Нему, Пинеро и мароканскиот државјанин Брахим Садун им беше судено во самопрогласената Народна Република Доњецк и им беше кажано дека се соочуваат со смртна казна.

Размислувајќи за времето кога бил прободен со нож во грб, Аслин рече: „Знаев дека постои голема веројатност да бидам убиен“. Тој додава дека тогаш еден Русин кој го чувал го прашал: „Сакаш брза смрт или убава смрт?“ Одговарајќи дека сака брза, Русинот му рекол: „Ќе имаш убава смрт, а јас ќе се погрижам да ти биде најубавата смрт“. Тој рече дека бил претепан затоа што имал украинска тетоважа на трозабец и бил на бојното поле во Сирија. Аслин рече дека бил чуван во ќелија со четири лица и дека морал да спие на подлога заразена и преполна со вошки.

„Не можевме да одиме правилно во тоалет бидејќи немавме тоалет, моравме да користиме празни шишиња. Живеев три недели јадејќи парчиња леб и вода, на крајот моравме да ги молиме да ни дадат чешма вода. Имаше прозорец во ќелијата, но немаше ништо да не заштити од надворешни влијанија, секогаш беше студено. Штом реков дека сум од Велика Британија на проверка на пасошот, добив силен удар по носот,“ рече тој, додавајќи дека единствениот пат кога го пуштиле бил за да го искористат за пропагандни видеа или за телефонски повици.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!