Вие имате прво да ја знаете вистината

Mercedes ја најави електричната G класа (видео)

Германскиот производител на автомобили го најави доаѓањето на новата електрична Г-класа уште во 2019 година.

Извршниот директор на компанијата Ола Калениус рече дека возилото ќе пристигне до крајот на 2024 година.

Компанијата најави електрична верзија на G-Class со нулта емисија на штетни гасови уште во 2019 година. Автомобилот најверојатно ќе го носи значката EQG. Минатата есен, Калениус тестираше прототип на EV на полигоните на Mercedes во Грац, Австрија.

Компанијата вообичаено ги проценува и тестира новите модели од Г-класата со мотори со внатрешно согорување на овие места за тестирање. Се чини дека Калениус е задоволен од тестирањето. “Од сега па натаму возењето надвор од патот ќе биде електрично“, рече Калениус.

Електричната верзија на G-Class е од големо значење за компанијата и нејзините идни планови. Мерцедес планира да има линија на целосно електрични возила до 2030 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!