Вие имате прво да ја знаете вистината

Дончиќ: Уживав во словенечкиот дрес 

– Кошаркарот на НБА лигашот Далас, Лука Дончиќ, изјави оти уживал во секој момент додека настапувал за репрезентацијата на Словенија, пренесуваат денеска американските медиуми. 

Дончиќ ова лета играше за Словенија во квалификациите за Светското првенство 2023, а потоа и на Европското првенство на кое неговата репрезентација не успеа да ја одбрани титулата откако загуби во четвртфиналето. 

–Се чувствувам добро, но по завршувањето на ЕП дневно спиев 13-14 часови. Успеав да се одморам. Со репрезентацијата на Словенија минав два месеци. Во тој период многу тренирав и имаше многу емоции, им изјави Дончиќ на новинарите по враќањето во Далас. 

-Настапите за репрезентацијата бараат многу одрекување. Понекогаш посакуваш да си на некоја плажа, а не на тренинг. Меѓутоа, уживав во секој момент играјќи за Словенија, додаде Донќиќ. 

Новата сезона во НБА лигата стартува на 18 октомври. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!