Вие имате прво да ја знаете вистината

До кога Америка ќе и’ помага на Украина? Зеленски: САД ни донираат 1,5 милијарди месечно

Вашингтон испраќа 1,5 милијарди долари месечно во украинскиот буџет, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

,,Во моментов, Киев има дефицит од 5 милијарди долари во нашиот буџет. САД секој месец ни даваат 1,5 милијарди долари за поддршка на нашиот буџет за борба против Русија” – рече Зеленски.

Зеленски тврдеше дека вооружувањето и другата воена помош за Украина е победничка за САД. Тој вети дека кога Русија ќе биде поразена, украинскиот народ ќе се врати во матичната земја и таму ќе почне да плаќа даноци, а со тоа ќе ги олесни американските даночни обврзници.

– За САД тоа ќе биде значителна заштеда, но за нас ќе биде можност да ја обезбедиме нашата територија и да ја направиме безбедна за нашето население, изјави тој.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе и’ помогне на Украина колку што е потребно за да обезбеди стратешки пораз на Русија, што тој го прогласи за крајна цел на Вашингтон во конфликтот. Многу Американци не го делат ставот на претседателот дека ситуацијата во Украина е клучна.

Според конзервативната изборна анкета „Расмусен репортс“, таа не успеа да се најде на списокот со првите десет прашања од интерес за веројатните гласачи.

Претходно овој месец, администрацијата на Бајден побара од Конгресот да одобри околу 12 милијарди долари дополнителна помош за Украина, вклучително и 4,5 милијарди долари финансиска поддршка за владата во Киев по септември. Згора на тоа, побара 2 милијарди долари за да и’ помогне на Украина да ги надомести зголемените цени на енергијата.

Пакетот се очекува да биде одобрен во петок, но некои политички аналитичари се прашуваат дали може да се одржат паричните текови во Украина по среднорочните избори во ноември.

„Америка не може да си дозволи да ја испразни државната каса поради Украина кога има инфлација, високи цени на бензинот, криза во синџирот на снабдување, високи цени на храната“, изјави пратеникот на Републиканската партија, кој сакаше да остане анонимен.

– Тоа го слушам од моите гласачи. Доколку Републиканската партија победи во Претставничкиот дом, Бајден ќе се соочи со поголем отпор на неговите барања за итна помош за Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!