Вие имате прво да ја знаете вистината

МАСОВЕН ЕГЗОДУС НА МАКЕДОНЦИТЕ: За 9 години 700.000 жители ја напуштиле државата!

Од 2011 до 2019 година од Северна Македонија емигрирале 700.000 луѓе, односно секој четврти жител, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, тоа е проблем на целото општество.

“Иако тој тренд е намален во периодот на Ковид, за жал, тој сè уште претставува сериозен проблем не само за носителите на јавни функции и креаторите на политиките, туку и за општеството во целина, бидејќи постои јаз на пазарот на трудот“, рече Битиќи како одговор на прашања по конференцијата на која беше презентиран извештајот на ОБСЕ “Човечки капитал, миграција и како заедно да ја обликуваме иднината“.

Според него, има неколку клучни причини за иселување, но нивниот корен лежи во недовербата во институциите.

“Високата корупција и големата политичка нестабилност, желбата за подобар животен стандард, проблемите во образованието, здравството, недостигот на перспектива за децата, се само дел од причините што ги туркаат пред се младите високообразовни кадри да ги реализираат своите сонувајте надвор од државата“, рече Битиќи а пренесоа локални медиуми.

Вицепремиерот за економски прашања на Северна Македонија рече дека има работа, но посочи дека 93,4 отсто од невработените во евиденцијата на Агенцијата за вработување се функционално неписмени, што значи дека нивните вештини не се совпаѓаат со пазарот на труд.

“Мислам дека дојде време сите да сфатиме дека мора да се промениме и да бидеме активни учесници на пазарот на трудот, секој може да придонесе колку што може. Тоа значи преквалификација, промена на работните навики, бидејќи има работа, има побарувачка на работна сила, но очигледно е дека погрешната политика од претходните 30 години не даде резултати, односно произведе работна сила која не одговараше на пазарот на трудот“, рече Битиќи.

Поради празнината што се појавува на пазарот на трудот, Битиќи вели дека Северна Македонија веќе почнува да увезува работна сила.

“Нашите одат во Германија, но ние сме привлечни и за луѓето од другите земји. Платите овде се поконкурентни од земјите од кои доаѓаат. Во градежништвото имате сериозна бројка на турски граѓани, бидејќи платите во тој сектор се околу 50 проценти повисоки од платите во Турција. Ги имате во ИТ секторот од Индија и Пакистан. Следува увоз на работна сила“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!