Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова беше брзо: Николина Пишек е побогата за речиси 2 милиони евра (фото)

Вилата на Николина Пишек во Шестине, Загреб, е продадена за само два дена по објавувањето на огласот, за речиси 2 милиони евра. Засега не се знае кој е новиот сопственик на недовршената вила бидејќи огласот е означен како продаден.

Станува збор за куќа од 420 метри квадратни, чија изградба започна во 2012. Покрај сето тоа треба да додадеме и градина од 1.460 метри квадратни. Според содржината на огласот, изградбата на куќата треба да заврши во јануари 2023 година. Агенцијата која ја продаде вилата истакна дека се работи за зграда со пет спални соби и базен.

Потсетуваме, Николина Пишек планирала да живее во Загреб со својот покоен сопруг Видој Ристовиќ. Минатата година купиле куќа и веднаш почнале да ја реновираат. Наводно, брачната двојка Ристовиќ подигнала два кредити поради трошоците за изградба на куќа, беше објавено своевремено во српските медиуми.

На ваква инвестиција се одлучиле откако Николина и нејзината ќерка за малку ќе се задушеле поради труење со јаглерод моноксид во нивниот стан во Загреб. По тој немил настан, семејството продолжило да живее во хотел, а додека им се реновирала вилата живееле во стан под кирија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!