Вие имате прво да ја знаете вистината

ГЕРМАНИЈА НА НОЗЕ! – Забележани се странски дронови кои летаат над воените бази – прашање на шпионажа?

Неидентификувани беспилотни летала биле забележани над полигоните за обука на Вооружените сили на Сојузна Република Германија во Баварија, пренесува Бизнис Инсајдер повикувајќи се на германското Министерство за одбрана.

Во ноќта меѓу 30 септември и 1 октомври непознати лица се обиделе да го шпионираат полигонот на Бундесверот Вајлдфлекен со помош на дронови – се наведува во извештајот, а порталот НЈузикон пренесува дека на овој полигон се обучуваат украински војници.

Забележано е дека биле видени вкупно околу 12 дронови.

Да потсетиме, германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт вчера пристигна во Одеса при ненајавена посета, каде на Украина и вети испорака на првиот противвоздушен ракетен систем ИрисТ СЛМ, пренесува германски Велт.


Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!