Вие имате прво да ја знаете вистината

ВУЧИЌ МУ ОДГОВОРИ НА УКРАИНСКИОТ АМБАСАДОР: „Не се сеќавам дека во 1999 година се бореа да и помогнат на СРЈ“

Српскиот претседател Алекснадар Вучиќ по изјавите на украинскиот амбасадор изјави дека доколку странските дипломати сметаат дека е време арогантно да извршат притисок врз нашата земја, избрале погрешен момент.

Ние тоа нема да им дозволиме ниту на оние кои се многу посилни. Ние не направивме ништо лошо против Украина, не го признавме расцепувањето на делови од Украина, ниту референдумите што ги спроведоа Русите. И не можам да се сетам дека во 1999 година ја прекинаа помошта и ги прекинаа летовите од Киев до Рим или други земји кои извршија агресија против СР Југославија. Немам проблем со тоа, за разлика од тие што се плашат. Нашата ситуација е толку чиста формално и материјално правно, ниту тие, ниту некој друг не можат да ни вршат притисок. И ја разбирам нивната позиција, не можат да ги поистоветат НАТО, Америка и Англија, кои ги бранат, со оние кои ја нападнаа нивната земја – рече Вучиќ.

Тој рече дека Србија ја почитува Повелбата на ОН и затоа го почитува територијалниот интегритет на Украина.

  • Барам да ми биде објаснето во согласност со кој меѓународно правен акт е извршена агресијата врз СР Југославија, во согласност со која одлука на Советот за безбедност на ОН и во согласност со чија одлука имате право да не ја признаете резолуцијата 1244, којa ja почитуваме. Исто како што ја почитуваме Повелбата на ОН, а со тоа и територијалниот интегритет на Украина – заклучи претседателот.

Потсетуваме, амбасадорот на Украина во Србија, Володимир Толкач, денеска изјави дека за Украина е многу тешко прашање дали ја разбира одлуката на Србија да не воведе санкции кон Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!