Вие имате прво да ја знаете вистината

Зверев не верува во Ѓоковиќ

Миша Зверев, поранешен тенисер, а денес стручен консултант, се сомнева дека Новак Ѓоковиќ ќе се врати на првото место на АТП листата.

Германецот му дава поддршка на српскиот ас да продолжи да игра уште многу години, но не верува дека повторно ќе го достигне врвот.

Новак минатата недела ја освои третата титула во турбулентната сезона, а вкупно 89-та во кариерата.

Сезонава поради статусот на вакцинација ги пропушти Австралија Опен и УС Опен, додека на Вимблдон и покрај титулата не освои ниту еден бод.

Сето тоа придонесе да падне на седмото место на АТП листата.

„Како што изгледа Новак, тој може да игра уште три или четири години. Годините се само бројка, ако правиш се како што треба на теренот и надвор од него како Новак. Но, не знам дали тој повторно ќе биде број еден. големо прашање е дали ќе игра и на Австралија опен? Зверев постави реторичко прашање и додаде :

„Ако сè тргне наопаку и нема повторно бодови на Вимблдон подоцна во годината, тој потенцијално ќе има 4.000 поени помалку“.

Новак оваа недела гостува во Астана, а првпат ќе излезе на терен во среда против Кристијан Гарин .

Следете не на нашата Фејсбук и Инстаграм страница, Твитер профил и придружете се на нашата заедница на Вибер .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!