Вие имате прво да ја знаете вистината

Америка во паника – итно побарана средба?

САД ќе побараат од Советот за безбедност на ОН утре да одржи состанок за Северна Кореја.

Ова денеска го изјави неименуван американски функционер, откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета над Јапонија за прв пат по пет години.

„Секое значајно дејствие на 15-члениот Совет е малку веројатно“, рекоа неименуваните дипломати, како што пренесе Ројтерс.

Со години Советот за безбедност на ОН и забранува на Северна Кореја да врши нуклеарни тестови и лансирање балистички ракети, а како што пренесува Ројтерс, ги зголемува санкциите против Пјонгјанг во обид да го запре финансирањето на тие програми. Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета која прелета над територијата на Јапонија, првпат по пет години.

Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета која прелета над територијата на Јапонија, првпат по пет години, поради што населението во северна Јапонија беше предупредено да се засолни, а сообраќајот на возовите беше привремено прекинат.

Ракетата поминала над јапонска територија и паднала во Тихиот Океан.

Тоа беше прв пат од 2017 година проектил да биде истрелан во таа насока, а Јапонија рече дека тоа е веројатно најдолгата далечина што ја поминала севернокорејската ракета, од 4.600 километри.

САД остро го осудија лансирањето на балистичка ракета над територијата на Јапонија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!