Вие имате прво да ја знаете вистината

Анџелина Џоли го тужи Бред Пит за насилство кон неа и децата

 Анџелина Џоли повторно поднесе тужба за насилство против нејзиниот поранешен сопруг, и колега – глумецот Бред Пит (58), во Лос Анџелес, САД. Во обвинението таа подробно го опишува она коешто нејзините адвокати го навеле како злоставување, а се случило во приватен авион пред шест години. Тоа, наводно довело до барање за развод од страна на Џоли неколку дена подоцна.

„Кога едно од децата вербално ја бранеше Џоли, Пит му се нафрлил на сопственото дете, а Џоли го фати одзади за да го спречи. За да ја симне Џоли од грбот, Пит се фрли наназад во седиштата на авионот, повредувајќи ѝ го грбот и лактот на Џоли… Децата се втурнаа внатре и сите храбро се обидоа да се заштитат еден со друг. Пред сѐ тoa да заврши, Пит почнал да дави едно од децата, а друго го удрил по лицето. Некои деца го молеа Пит да престане. Сите беа преплашени“, се вели во документот.

Во обвинението, поднесено вчера од адвокатите на глумицата, се наведува дека тоа се случило на 14 септември 2016 година.

Покрај тоа, се вели дека за време на „многуте напнати часови“ при летот, Пит „повремено излегувал од задниот дел на авионот за да вика и пцуе“ кон останатите членови на семејството и „во еден миг ја потурил Џоли со пиво, а во друг случај ги полеал и децата, со пиво и црвено вино“.

Адвокатите на Пит допрва треба да го одговорат на ова обвинение. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!