Вие имате прво да ја знаете вистината

Бункерот се исплатеше: Интер ја сруши Барса и седна зад Баерн…

Во третото коло од групната фаза Интер победи против Барселона и со тоа заостана зад Баерн. Во меч со малку можности, Чалханоглу постигна гол во судиското надополнување на првото полувреме.

Со голот на турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу во судиското надополнување на првото полувреме , Интер ја победи Барселона со 1-0 во Милано во натпреварот од 3.коло од групата Ц на Лигата на шампионите.

Втората победа ја забележа италијанскиот тим за кој поради повреда не конкурираше хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ. Гол вреден три бода постигна Чалханоглу со прецизен удар од нешто помалку од 20 метри, по што Интер ги одби сите гостински налет и ја сочува победата.

Дембеле имаше две одлични шанси за Барселона, еднаш го погоди домашниот гол, а израмнувачкиот гол на Педри беше поништен за гостите. На се’ му претходеше играњето со рака на Ансу Фати.

Претходно во оваа група Баерн лесно ја совлада Викторија Плзен со 5-0, а Баварците водат во поредокот со девет бода. Интер има шест, Барселона три, додека чешкиот шампион нема бодови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!