Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Белгија речиси целосно запрен железничкиот сообраќај

Синдикатите на железничкиот сообраќај одржуваат 24-часовен штрајк бидејќи Федералната влада не го испланирала буџетот за железничкиот сообраќај со исполнување на барањата на работниците.

– Во Белгија, поради штрајкот на работниците во железницата, дојде до одложувања во линиите на железничкиот сообраќај, додека три четвртини од возовите прекинаа со услугите.

Синдикатите на железничкиот сообраќај одржуваат 24-часовен штрајк бидејќи Федералната влада не го испланирала буџетот за железничкиот сообраќај за да ги исполнува барањата на работниците, поради недостиг на персонал и поради тоа што не се одвоени повеќе ресурси за борба против влошените работни услови.

„Буџетите, вклучувајќи го и буџетот за железничкиот сообраќај, се одредуваат за наредните 10 години. Треба да се врши притисок врз Владата со цел да се обезбеди доволни финансиски извори за железниците во Белгија“, се вели во соопштението на синдикатите.

Поради штрајкот кој сериозно го наруши јавниот превоз низ земјата, целосно запреа железничките линии во белгискиот град Намур и во Луксембург.

Штрајкот започна вчера во 22 часот по локално време и ќе заврши денеска во исто време.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!