Вие имате прво да ја знаете вистината

Германија: На ѕидот на џамија испишани антимуслимански натписи

– На ѕидот на џамијата при Турско-исламската унија за верски прашања ДИТИБ во градот Офенбах кој се наоѓа во германската сојузна покраина Есен, напишани се антимуслимански натписи и навреди.

Според полициското соопштение, започната е истрага за наоѓање на сторителите на овој антимуслимански напад извршен во утринските часови во саботата.

На ѕидовите биле напишани навреди кон исламот и кон Божјиот пратеник Мухамед.

Полицијата побара очевидците, доколку поседуваат информации, да ги споделат.

Инаку, во Германија минатата година биле извршени 662 кривични дела против муслиманите и џамиите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!