Вие имате прво да ја знаете вистината

Ифо институт: На високата инфлација во Германија не и се гледа крајот

Цените во Германија ќе продолжат да растат во наредните месеци во речиси сите сегменти на економијата, покажа денеска истражувањето на институтот Ифо, посочувајќи ја малопродажбата на храна како едно од жариштата на инфлацијата.

Според истражувањето спроведено од Институтот, компаниите кои продаваат храна сакаат да ги зголемат цените на сите производи.

Економистите во Ифо исто така велат дека цените на гасот и струјата и угостителските услуги ќе продолжат да растат.

„За жал, бранот на инфлација веројатно сè уште нема да ослаби“, рече шефот за економија на Ифо, Тимо Волмершаузер.

Сите продавници за храна и повеќе од 92 отсто од аптеките планираат поскапување, покажаа резултатите од најновото истражување. Кај продавачите на цвеќиња и растенија, речиси 90 отсто планираат да ги зголемат цените.

Повисоки цени најавуваат и приближно 80 отсто од продавниците за велосипеди и канцелариски материјали, како и 87 отсто од рестораните и речиси две третини од хотелите.

Слична е ситуацијата и во некои гранки на индустријата, како оние за облека или електронски производи, покажуваат податоците од истражувањето на Институтот со седиште во Минхен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!