Вие имате прво да ја знаете вистината

Коосновачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, тврди дека е на украинската „листа за ликвидација“

„Русија не требаше да се охрабрува да ја нападне Украина откако 20 години се обидуваше да го избегне тоа со предлагање дипломатски мерки до западните влади.“

– Коосновачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, тврди дека се наоѓа на украинската „листа за ликвидација“.

„Не заборавајте, јас сум на листата за убиство поддржана од украинската Влада… и тие неодамна убиваа луѓе… Кога ќе ве убијат, на вашата фотографија пишуваат „ликвидиран“. Јас сум еден од тие“, изјави Вотерс во интервју за списанието „Ролинг стоун“ (Rolling Stone).

Обвинувајќи ги западните влади за војната во Украина, Вотерс рече: „Русија не требаше да се охрабрува да ја нападне Украина откако 20 години се обидуваше да го избегне тоа со предлагање дипломатски мерки до западните влади.“

На прашањето во врска со извештаите за злосторства од страна на Руската армија во Украина, тој одговори: „Ги видовте [тие извештаи] за она што штотуку ви го опишав како западна пропаганда. Тоа е целосно обратно од руската пропаганда. ’Русите се замешаа во нашите избори;‘ Русите направија ова и она.‘ Сето тоа се лаги, лаги, лаги, лаги.“

Кон крајот на септември, планираните концерти во Полска на Роџер Вотерс беа откажани поради неговите контроверзни изјави за Украина.

Вотерс требаше да настапи во Краков во април, пред полските медиуми да известат за писмото што тој ѝ го напишал на првата дама на Украина, Олена Зеленска, во кое ги обвинува „екстремните националисти“ во Украина дека ја поставиле нивната земја на патот кон оваа катастрофална војна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!