Вие имате прво да ја знаете вистината

Маск предлага продолжување на договорот за купување на Твитер

Илон Маск денеска повторно доставил предлог за купување на акции од компанијата Твитер, објави „Блумберг њуз“ повикувајќи се на неименувани извори.

Тргувањето со акциите на Твитер беше прекинато по информациите дека Маск ќе продолжи со купувањето на компанијата.

Пред неколку месеци Маск понуди договор за купување на компанијата, вреден 44 милијарди долари и оттогаш води правни битки.

Тој понуди да ја купи компанијата од Сан Франциско за 54,20 долари по акција, по што акциите се зголемија за речиси 13 отсто на 47,95 долари пред да биде стопирано тргувањето.

Маск, откако во април потпиша договор за купување на Твитер, а акционерите одобрија, се обидува да се повлече од договорот. Поради тоа Твитер подигна тужба против Маск.

Судењето за да се принуди Маск да го купи Твитер треба да почне во судот во Делавер на 17 октомври.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!