Вие имате прво да ја знаете вистината

НОВА КОЛЕКЦИЈА ВО КАЛ- „Баленсијага“ со необична сценографија во Париз

Луксузниот бренд „Баленсијага“ ја претстави новата колекција за летото следната година на Модната недела во Париз, со особено необична сценографија…

Имено, како што љубителите на модата се навикнати – на гламурозни ревии каде што познатите се во првите редови, креативната директорка на „Баленсијага“, Демна Гвасалија ги помести нештата на малку поинакво место – во кал и барички. За изгледот на оваа сценографија е заслужен уметникот Сантијаго Сиера, а шоуто го отвори раперот Кање Вест.

– Шоуто е, всушност, метафора за потрагата по вистината, како и тоа – да бидеме поблиски, тука на тлото, вели Демна.

На ревијата доминираа ексцентрични креации, многу дуксери, јакни, светли бои како розова и црвена, но секако, и црна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!