Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е замјата на ЕУ со најголемите должници: И тинејџерите во неволја ВИДЕО

Во Чешка има 4,4 милиони извршни постапки, а дури над 2.000 малолетници се презадолжени. Често зад ова се крие наследството на долгови од родителите.

Јана Чекова повеќе не верува дека нејзиниот живот некогаш ќе стане нормален. Како единаесетгодишна, таа од својот татко наследила 800.000 евра долгови кои татко и ги насобрал преку неуспешни бизниси.

„Веќе престанав да се борам. Барам работа каде можам да им помогнам на луѓето, воопшто не ме интересираат пари. И онака извршителите ме јадат нпремногу“ – вели Чикова.

Нејзината приказна е типична за проблемот со долгот на многу Чеси. Поради законските прописи кои долги години не предвидуваа таканаречен личен банкрот, но и поради благиот однос кон лихварските кредити, стотици илјади Чеси се во долгови.

Најапсурдни се случаите кога децата наследуваат долгови од родителите кои по одредено време е речиси невозможно да се вратат поради камати, казни и административни трошоци.

Сега пресудата донесе надеж во животите на овие невини должници. Според таа пресуда, конфискацијата на голем дел од приходите на Јана Чикова, која работи како психолог, се прекинува до понатамошно известување.

Институтот за разрешување долгови, организација создадена на иницијатива на граѓаните, редовно ја шокира чешката јавност со актуелните статистики. Во земја со околу 10 милиони жители, во моментов има околу 4,4 милиони постапки за присилна наплата, кои погодуваат околу 700.000 луѓе. Од нив дури 2.000 должници се малолетни. Многу возрасни должници биле во долгови уште од детството.

Во меѓувреме, законот се промени и можен е таканаречен приватен банкрот, но правилата на оваа постапка се многу построги отколку во другите земји од Европската Унија. По петгодишен процес, судот одлучува дали должникот вложил доволно напори да се ослободи од своите долгови.

На оние кои им должат на јавните институции деновиве им дојде уште една иницијатива, како здравствено осигурување, радио и ТВ такси или долг за јавен превоз поради возење без билет.

За многумина, првично малиот долг поради камата порасна до астрономски размери кои е невозможно да се платат. Сега јавните доверители овозможуваат плаќање на оригиналниот долг за мала дополнителна такса. Досега, 15.000 Чеси се ослободени од долгови благодарение на оваа иницијатива.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!