Вие имате прво да ја знаете вистината

Од Украина се извезени повеќе од шест милиони тони жито

Повеќе од 260 бродови испловија од украинските пристаништа од 1 август.

Повеќе од шест милиони тони жито се извезени од август од Украина во согласност со договорот од Истанбул, соопшти во вторникот Министерството за одбрана на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

На 22 јули, Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина.

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и ОН кои ги надгледуваат пратките.

„Во меѓувреме, уште осум бродови ги напуштија украинските пристаништа во вторникот“, соопшти Министерството.

Откако првиот брод ја напушти Украина на 1 август, повеќе од 260 бродови натоварени со повеќе од шест милиони тони жито го напуштија пристаништето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!