Вие имате прво да ја знаете вистината

Рускиот рапер се самоуби поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради регрутирањето што го најави Владимир Путин.

Телото на Петунџин било пронајдено во близина на зграда откако 27-годишниот музичар снимил видео порака објавена на неговиот канал Телеграм. Во пораката тој наведува дека не сака да убива луѓе за никакви идеали.

Раперот порано во животот служел во руската војска и бил лекуван во душевна болница, а видео пораката што ја оставил на своите следбеници е многу вознемирувачка.

“Ако го гледате ова видео, јас веќе не сум жив. Не можам да го поднесам гревот на убиствата и не сакам да го сторам тоа. Не сум подготвен да убивам за никакви идеали” рекол тој

Да потсетиме, Владимир Путин речиси најави делумна мобилизација на резервистите во војната против Украина, по што околу 200.000 руски граѓани ја напуштија земјата. Други, пак, си ги скршија коските за да избегнат мобилизација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!